Твитер
Социјален медиум и сервис за вмрежување и создавање микроблогови. Основан во 2006 година и во сопственост на истоимената американска компанија. Регистрираните корисници можат да објавуваат свои и да споделуваат туѓи содржини, додека нерегистрираните корисници можат само да ги читаат туѓите објави. Корисничките имиња не секогаш се составени од името и презимето на корисникот.