Телешопинг
Емитување директни понуди до јавноста за производи или за услуги, вклучувајќи недвижен имот, како и права и обврски во замена за плаќање. Директна понуда е секоја понуда која покрај информациите за добавувачот, карактеристиките и/или цената на производот или услугата, содржи и некој од следниве елементи: поштенска или електронска адреса, веб-страница и/или телефонски број преку кои уште во текот на емитувањето може да се реализира купувањето.