Телеграм

Меѓуплатформски месинџер којшто овозможува размена на текстуални, гласовни и видеопораки, како и на стикери, фотографии и датотеки/фајлови во различни формати, а исто така овозможува аудио- и видеоповици, конференциски врски и директни преноси, при што може да се зачуваат неограничен број датотеки, да се водат канали (микроблогови), да се создаваат и да се користат ботови.

На Телеграм може да се пишуваат тајни разговори, поврзани со конкретниот уред на корисникот, што значи дека тие не се чуваат на серверите на месинџерот и по желба на корисникот исчезнуваат по определено време. На сите фотографии или видеозаписи во овие разговори може да се постави тајмер − кога тој ќе истече, тие самите ќе се уништат. Можете да направите скриншот, но тогаш месинџерот ќе го извести соговорникот за тоа.

Наместо обични групи, на Телеграм постојат канали. Нивната главна специфичност е целосното отсуство на алгоритми. Во согласност со пристапот на Телеграм, корисниците самите ги контролираат своите медиуми, што значи дека сите пораки се објавуваат на каналот според хронолошки редослед. На месинџерот ја нема ни функцијата discover која е популарна кај современите апликации. Новите занимливости на каналите можат да се видат или по пат на лични пораки од пријатели и други канали или од надворешни извори. Каналот може да се води како јавно така и анонимно, во објавите може да се вклучи и можност за коментари, а покрај каналот можете да се прикачи и јавен разговор.

Албански

Telegram

Англиски

Telegram