Текст

1. Низа составена од повеќе зборови или реченици, најчесто поврзани со смислата. Текстот е семантичка целина, во којашто различните делови се поврзани меѓу себе. Оттаму, принципите врз коишто е создаден еден текст се неговата кохезија (поврзаност), кохеренција (усогласеност) и информативност.

2. Структура од знаци и кодови што е суштинска за комуникацијата и може да биде во облик на јазичен текст, но и во облик на обред, филм, слика, снимка, говор. Текстот го проучува семиологијата, како наука за знаците. Тој може да има многу значења и да содржи знаци што може да се толкуваат на различни рамништа.

Албански

Tekst

Англиски

Text