Таблоид, жолт печат
Весник, списание или портал којшто често содржи написи засновани врз озборувања, детали од приватниот живот на јавните личности, спектакли, несериозни и непроверени вести напишани со помалку текст, а со повеќе фотографии, главно нападни и сензационалистички. „Жолтиот печат“ ги опфаќа медиумите што, во трката по читатели, објавуваат површни вести и користат маркетиншки трикови како светкави банери, повеќе илустрации и, воопшто, графика.