Ток-шоу, разговорна емисија

Телевизиска или радиопрограма во којашто водителите со гостите, а понекогаш со гледачите или со слушателите, разговараат за една или за повеќе теми коишто обично ги определува водителот на ваквата емисија, но може да ги предлага и публиката. Ток-шоуто во себе ги обединува и новинарството и сценската изведба. Во определени случаи под терминот „ток-шоу“ се подразбира каков било разговор на телевизија или на радио.

Албански

Tok-shou

Англиски

Talk show