Точност и вистинитост
Темелни стандарди на новинарската професија од коишто зависи дали еден медиум е кредибилен или не. Информациите коишто се пренесуваат преку медиумите треба да бидат прецизни и соодветни на реалноста. Брзината не смее да биде поважна од точноста, а секој елемент на веста (извештајот, прилогот) мора да биде точен: настаните, датумите, местата, цитатите и слично. Новинарите не се само собирачи на вести, туку од нив се очекува да истражуваат известувајќи објективно за она што се случува. Врвен етички принцип е новинарите да ги почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана.