Тип на ученик, стил на учење
Луѓето различно ги восприемаат различните перцепции и информациите што ги добиваат од нив, па оттаму, во образовниот процес, се јавуваат главно четири видови стил на учење и нивни комбинации: визуелно (преку цртежи и слики, графички), аудитивно (преку слушање), текстуално (преку читање и пишување) и кинестетички (со движење, физичка акција). Според ова, различните типови ученици или учачи, оние што учат на определен начин, се визуелните, аудитивните, текстуалните и кинестетичките. Личноста може да учи на различни начини, со комбинации од овие стилови, и затоа е важно наставно-образовниот процес да се приспособи кон различните типови ученици, а не само кон еден тип или кон еден стил на учење.