ТикТок
Социјален медиум со голема популарност меѓу младата генерација, основан во 2016 година и во сопственост на кинеската компанија Бајтденс. Медиумот им дава можност на корисниците да создаваат видеа во времетраење од 15 секунди до 10 минути. Иако медиумот главно се асоцира со кратки секојдневни видеа, често се споделуваат и политички и општествени содржини.