Темен веб
Претставува еден дел од Длабокиот веб (Deep web) и исто така содржи веб-страници коишто не може да се пронајдат со едноставно пребарување преку интернет-пребарувачите, затоа што го кријат својот идентитет користејќи алатки за енкрипција. Преку Темниот веб, корисниците, користејќи приватни мрежи, може да комуницираат анонимно, не откривајќи ги својот идентитет или локација. Затоа, овој дел на интернетот често се користи за нелегални активности, како на пример: детска порнографија, перење пари, уцена, барање откуп, трговија со луѓе.