Наслов

1. Дел од насловница во печатени или онлајн-медиуми, којшто освен насловот го сочинуваат наднаслов, поднаслов и меѓунаслови. Насловот е највпечатливиот дел на веста, чијашто функција е со што помалку зборови и што е можно покомплетно да ги соопшти најбитните факти на приказната/написот.

2. Збор или низа зборови, честопати со поголеми букви, поставени на почетокот на една страница за вовед или категоризација.

3. Кус насловен дел отпечатен со задебелени букви над написот во весник или онлајн-медиум што кажува за што е написот.

4. Ред отпечатен на горниот крај на страницата што ги наведува насловот, бројот на страницата и други информации поврзани со содржината.

Албански

Titull

Англиски

headline