Наратив

Приказна; исказ којшто поврзува настани и личности поврзани меѓу себе; одреден начин на сфаќање или објаснување на настани. Според литературната теорија на рускиот формализам, наративот се дели на фабула и сиже. Наративите може да бидат базирани на факти, како во документарните филмови, или да бидат измислени, како во романите или филмовите и сериите. Наративите вообичаено содржат четири елементи: дејство (она за што се раскажува), ликови (учесниците во дејството), опкружување (место и време) и наратор (оној којшто раскажува, раскажувач). Во науката за комуникацијата, наративот зазема посебно место. Од особен интерес е како е склопен наративот, која е неговата функција и полза за оние коишто го читаат или го слушаат.

Албански

Narrativ

Англиски

narrative