Морална паника

1. Страв предизвикан од медиумите дека одреден аспект на модерната култура ги води луѓето (особено децата и младите) во заблуда, девијација, деликвенција или криминал.

2. Ненадејно зголемување на јавната вознемиреност поради медиумски производ или настан што се смета за поттикнување насилство, сексизам или расизам. Терминот е воведен од Стенли Коен во книгата „Народни ѓаволи и морални паники“ (1972).

3. Претерана загриженост во општеството поради посочена потенцијална закана за неговите традиционални вредности.

Албански

Panik moral

Англиски

Moral panic

За повеќе види:

Cohen, Stanley. Folk Devils and Moral Panics. Routledge, 1972