Масовна медиумска култура
Култура под влијание на масовните медиуми. Ја нарекуваат и култура на посредство поради посредувачката улога на медиумите во создавањето и преносот на вредностите на културата. Развојот на технологијата и медиумските техники на влијание врз масите ги врамува погледите, однесувањата, вкусовите и ставовите на луѓето и на тој начин влијае на создавањето на културата.