Медиумски уметности
Сите жанрови и форми кои користат електронски медиуми (аналогни и дигитални; стари и нови), т.е. форми создадени со помош на (масовна) комуникација за репродукција на реалноста. Тоа вклучува проекти претставени преку филм, телевизија, радио, аудио, видео, интернет, интерактивни и мобилни технологии, видеоигри, имерзивно (виртуелно реално) и мултиплатформско раскажување приказни и сателитски пренос.