Медиумски системи
Поврзаност на медиумите при нивното функционирање во поголеми групи и состави. Медиумските системи можат да бидат поврзани на технолошко ниво при што можат да се издвојат електронски медиумски системи, дигитални или онлајн-медиумски системи, печатени медиумски системи итн. Медиумските системи можат да се поврзат и на типолошко ниво, при што можат да се разликуваат централизирани медиумски системи, децентрализирани или дифузирани медиумски системи, пазарно ориентирани медиумски системи, традиционални или либерални системи и др.