Медиумски омбдусман

Врската меѓу вработените во медиумот и неговите корисници (читатели, гледачи или слушатели). Ги добива нивните коментари и жалби и се обидува да ги решава несогласувањата меѓу двете страни. Гарантира почитување на правилата и обичаите воспоставени од медиумот, обезбедувајќи еден вид внатрешна контрола на квалитетот. Станува збор за непишан договор со публиката за: обезбедување информации на што е можно попрецизен, сеопфатен и јасен начин, разликување информации од коментари, корекција на грешките, одразување на различните мислења и гарантирање дека правата на поединците не се прекршени и дека се почитува приватноста. Омбудсманите работат само за одреден медиум. Омбудсман е шведски збор за „претставник“ ‒ бил широко прифатен во другите јазици како друг збор за медијатор.

Албански

Ombudsmani mediatik

Англиски

Media Ombudsman