Медиумски филтери
Начини и средства за бирање и насочување на информациите и на медиумските содржини. Може да биде изведено од човечки фактор (новинар, уредник, сопственик и др.) или од страна на одредена технологија којашто ја користат медиумите (медиумска мрежа, алгоритам, кролер и др.). Факторите во процесот на медиумско филтрирање можат да бидат идеолошки, културолошки, јазични, социополитички, технички, инфраструктурни и др.