Медиумска саморегулација

Модел преку којшто медиумските работници сами го регулираат својот систем. Во неа се вклучуваат и уредниците и сопствениците на медиумите. Саморегулацијата им помага на медиумите да им одговараат на легитимните жалби на граѓаните и на општествените субјекти поднесени до саморегулаторното тело ‒ Совет за етика на медиумите, за да ги коригираат грешките. Ја прави рамнотежата помеѓу слободата на медиумите и тенденцијата таа да биде злоупотребена. Целта на саморегулацијата не е да цензурира или да наметне автоцензура, туку да ги брани принципите на етичкото новинарство коешто ги почитува човековите права, при што целосно се зачувува слободата на уредувачката политика на медиумот. Преку овој модел се чува уредувачката слобода, се минимизира интервенцијата на државата, се охрабрува квалитетот на медиумите, се докажува одговорноста на медиумите, а со тоа се зголемува нивниот кредибилитет.

Албански

Vetërregullimi mediatik

Англиски

Мedia self-regulation