Медиумска реалност/конструирање на медиумската реалност
Селектиран приказ на реалноста што ја пренесуваат медиумите. Од големиот број информации, факти, мислења, вредности, медиумските професионалци и уредници прават селекција на најважните што ќе ги прикажат или ќе ги занемарат, креирајќи своја, исфилтрирана „реалност“. Оваа селекција најчесто зависи од уредувачката политика на медиумот или од личниот избор на уредникот и новинарот.