Медиумска манипулација
Систем на техники и методи на медиумско влијание врз публиката со цел да се наметнат идеи, мислења или реципиентот да се доведе во заблуда. Медиумската манипулација најчесто е под влијание на центри на моќ, политички или економски. Методи на медиумска манипулација се кога за веста не е главно она што е важно, туку она што читателите го кликнуваат; кога информацијата е намерно изменета или се испуштени делови, кога се пласираат скандалозни афери без проверка на фактите итн.