Медиумска корегулација

Претставува комбинација меѓу саморегулацијата и регулацијата. Бара комуникациски модел којшто е инклузивен. Вклучува влада, регулаторни агенции, индустрија, саморегулаторни тела, граѓански организации и граѓани. Корегулацијата е начин за медиумите да можат да помогнат во подобрувањето на човековите права, да ги заштитуваат децата и младите од медиумските содржини, како и да се заштитат потрошувачите во комерцијалните комуникации. Моделот на корегулација зависи од коморските и стручните здруженија, коишто учествуваат во создавањето или во спроведувањето на законите. Мотивацијата на овие здруженија за соработка најчесто е за да се избегне тврдата регулација. Функционален корегулаторен систем подразбира дека освен пропишувањето правила, тој треба да има капацитет да спроведува адекватни и пропорционални санкции. Предуслов за корегулаторен систем е државата да ја самоограничи моќта на надзор врз недржавните регулаторни процеси.

Албански

Bashkërregullimi mediatik

Англиски

Media co-regulation