Медиумска и информациска писменост
Поим креиран и промовиран од УНЕСКО во 2011 година којшто означува концепциска рамка како „комбинација од знаења, ставови, вештини и практики потребни за пристап, анализа, евалуација, употреба, продукција и комуницирање информации и знаења на креативен, легален и етички начин којшто ги почитува човековите права.“. Според овој пристап, медиумската и информациската писменост е чадор за сите други писмености: писменоста за вести, компјутерската писменост, филмската писменост, библиотечната писменост и сл. Во основата на медиумската и информациската писменост е потребата граѓаните да се здобијат со потребното знаење за функциите на медиумите и информациските системи во демократските општества, под кои услови може да се спроведат овие функции и како граѓаните може да го оценат квалитетот на содржините што ги добиваат. Медиумската и информациската писменост се клучни способности и вештини за граѓаните во 21 век со изградена компетенција ефикасно да ги користат медиумските и информациските системи, да развијат вештини за критичко размислување и вештини за доживотно учење со цел да се социјализираат подобро и да бидат активни граѓани.