Медиумска детоксикација
Апстинирање од изложеност и употреба на медиуми. Терминот најчесто може да се сретне во контекст на детоксикација од социјални медиуми (Social Media Detoxification’ /Detox/) или дигитална детоксикација (Digital detoxification). Детоксикација од социјални медиуми е термин којшто означува своеволно намалување или престанок на употребата на социјалните медиуми со цел да се подобри добросостојбата. Дигитална детоксикација е термин што најчесто се користи во популарната култура како начин за адресирање на прашањето за прекумерното користење на интернетот. Речникот Оксфорд го дефинира како „временски период во којшто едно лице се воздржува од употреба на електронски уреди како смартфони или компјутери, што се смета како можност за намалување на стресот или да се фокусира на социјална интеракција во реалното физичко опкружување.“ Детоксикацијата од социјални медиуми ги применува истите принципи за свесно прекинување или намалување на употребата на социјалните медиуми.