Медиум
1. Секоја форма на комуникација преку којашто се пренесуваат информации;
2. Основните средства за масовна комуникација преку коишто луѓето добиваат информации и забава, како што се интернетот, радиото, телевизијата и печатот. Доаѓа од латинскиот збор medium, што означува нешто во средина, и се однесува на посредникот преку којшто се пренесува информацијата од испраќачот до примачот. Јавноста зависи од медиумите за да научи за општествените и за политичките случувања, да дојде до локалните и до глобалните вести, до разни форми на забава и на култура.
Албански
Media
Англиски
media
За повеќе види:
https://www.oxfordlearnersdictionaries.com/definition/english/media?q=media