Јазик, стандарден

Нормирана разновидност на општонародниот јазик; наддијалектна форма што ги обединува сите припадници на една нација. Се употребува во уметничката и во научната литература, во администрацијата, во образованието, во медиумите и во другите области на јавното општење. Нормата ја пропишуваат институции задолжени од општеството за таа дејност; составувањето азбука, правопис, граматики и речници се основата за нормирањето на еден јазик, кое завршува со нивно законско верификување, т.е. кодификација. И дијалектите и социолектите имаат своја норма, но таа не се пропишува, туку е резултат на јазичните навики на зборувачите. Свеста на припадниците на една јазична заедница за важноста на стандардниот јазик е значаен предуслов за неговото развивање и надградување, како и за степенот на јазичната и на општата култура на заедницата.

Албански

Gjuhë standarde

Англиски

Standard language

За повеќе види:

С. Бојковска … [и др.], Општа граматика на македонскиот јазик, Просветно дело, Скопје, 2008