Jазичен пуризам
Нагласена грижа за чистотата на јазикот, преку издигнување на неговата стандардна форма, особено на лексичкиот слој, до ниво на идеална чистота; тенденција за отстранување од употреба или за намалување на употребата на неправилните јазични форми, на странските зборови, колоквијализмите, жаргонизмите, неологизмите. Во умерена форма може да ја поттикне јазичната креативност, а во спротивно, ја уништува спонтаната употреба на јазикот и можностите за негово развивање. Во лингвистичките кругови поимот има пејоративно значење.