Јавно мислење/креирање јавно мислење

Агората во античка Грција се смета за местото каде се почетоците на јавното мислење. Тоа било отворен простор каде слободните граѓани дискутирале и за прашањата на државата. Јавното мислење по својата природа е ослободено од елитистичкото мислење и затоа е тешко да се дефинира и да се идентификува. Денешните анкети на јавното мислење го мерат мислењето кај целата јавност во однос на вкусови, очекувања, потреби, вредности, однесување, како и ставови.

Историски, јавното мислење се формирало на различни начини (Sage 1994), со тоа што во средината на 18 век главно се формирало низ француските салони каде се собирала политичката и општествената елита и дискутирала на различни теми од филозофија до политика. Исто така, јавното мислење се формирало и низ рестораните низ Лондон, а потоа кон средината на 19 век таа улога ја презеле весниците, политичките партии, како и групи кои можеле да извршат притисок, како синдикатите на пример. Технологијата значително придонела за формирањето на јавното мислење преку радиото, телевизијата, појавата на анкетите, а во неодамнешниот период и интернет-комуникацијата и појавата на социјалните мрежи каде се изнесуваат различни ставови за општествени теми.

Англиски

public opinion