Јавен интерес
1. Она што е од интерес или од корист за најголемиот број луѓе или заштита на вредностите за коишто постои широк општествен консензус. Општо добро коешто е над интересите и преференциите на одделни политички или економски центри.
2. Одговорен однос на медиумите кон јавноста којшто вклучува обврска точно и урамнотежено да ги информираат граѓаните, да ги третираат темите коишто влијаат врз заедницата, да објавуваат факти, но и ставови на сите релевантни претставници на општеството. Нема простор за легитимен јавен интерес таму каде што јавноста е исклучена од процесот на артикулација на интересите. Јавен интерес не е она за што е заинтересирана јавноста, она што сака да го дознае публиката и не значи задоволување на нејзината љубопитност.