Jазик, разговорен

Неслужбена, спонтана, приватна пројава на јазикот во усна и пишана форма меѓу: блиски соговорници во секојдневни ситуации, познати и непознати соговорници во рамките на професијата и социокултурната сфера и непознати соговорници на јавни места. Се одликува со економичност на изразот, елементи на невербалната комуникација (гестови, мимика, држење на телото), непосредност, насоченост на соговорниците еден кон друг, експресивно обележани интонација и збороред, стилски обоена лексика. Не се придржува до јазичниот стандард и не се потчинува на кодификација, иако има свои правила и норми на организирање на комуникацискиот чин. Застапен е во телевизиски и радиоемисии, што го прави важен чинител во сликата за јазикот во средствата за јавно општење, како и во влијанието врз јазикот на јавноста.

Англиски

colloquial language

За повеќе види:

Л. Минова-Ѓуркова, Стилистика на современиот македонски јазик, Магор, Скопје, 2003