Заемка

Збор што навлегол во јазикот по пат на заемање од друг јазик. Се презема директно од јазикот позајмувач (во македонскиот од српскиот, турскиот) или индиректно преку јазикот посредник (во македонскиот од латинскиот преку грчкиот, рускиот). Позајмувањето е еден од главните извори за пополнување и збогатување на лексиката на еден јазик. Во македонскиот јазик има заемки од многу јазици и тие се нераскинлив дел на неговиот лексички состав: крв, заб, ангел, вино, исход, увоз, алва, фризер, букет, арија.

Албански

Huazim

Англиски

loanword

За повеќе види:

С. Груевска-Маџоска, Лексикологија на македонскиот јазик, Книгоиздателство МИ-АН, Скопје, 2022