Збороред

Редослед на зборовите во зборовните изрази или во речениците. Вообичаената синтаксичка шема на јазикот дава објективен збороред: денешните случувања во Собранието; Ги проследивте денешните случувања во Собранието. Субјективни чинители придонесуваат за субјективен збороред, при што на прво место доаѓа тоа што зборувачот го смета за најважно, а потоа се дополнува со други познати податоци: случувањата денешни во Собранието; Денешните случувања во Собранието, ги проследивте. Во емоционално обоени искази многу важни за правилно разбирање на содржината се  реченичниот акцент, нагласувањето на делот што е истакнат и паузата при зборувањето: ВАМ да ви кажам… сакам. Се препорачува вршителот на дејството да биде во почетна позиција во примери како: Иван го поздрави Филип / Филип го поздрави Иван, зашто двајцата учесници во дејството можат да бидат и вршители и трпители.

Албански

Rendi i fjalëve

Англиски

word order

За повеќе види:

Л. Минова-Ѓуркова, Синтакса на македонскиот стандарден јазик, Магор, Скопје, 2000