Забрана за злоупотреба на медиумите
Никој не може да ги користи средствата за масовно комуницирање за лажно обвинување на друг за корупција и противзаконски дејствија. Исто така, секое лице коешто објавува информација за противзаконско дејствие на друг, должно е да ја почитува претпоставената невиност и принципите на вистинито и непристрасно известување, како и други принципи содржани во кодексот на новинарите.