Задна корица, бек-кавер / задна страница, бек-пејџ

1. Корица на задната страна од книга или од списание, на којашто, вообичаено, се отпечатени куси рецензии од еден или од повеќе први читачи. (в. 1. корица, 2. прв читач).

2. Внатрешна страна, опачина на предната или на задната корица, којашто содржи библиографски и други податоци за изданието и податоци за издавачот. (в. импресум).

3. Заштита, футрола за задниот дел на мобилен телефон.

4. прен. Дел од весник каде што се објавуваат вести од спортот.

Англиски

back cover / back page