Значење
Што се подразбира кога е нешто прикажано или соопштено; динамична и функционална интеракција помеѓу пораката и примачот (читателот, гледачот, слушателот). Се поврзува со кодовите и практиките на комуникативните дискурси; за да бидат разбрани, тие мора да бидат препознаени, да бидат конституирани во социокултурното искуство на примачот. Апстрактната уметност, јазикот на масоните, научната фантастика не ги разбираат оние што не се запознаени со односниот дискурс. Постојано се менува и се надградува, но никогаш до степен на универзално и фиксно определен систем од знаци. Некои од техниките за препознавање го олеснуваат неговото разбирање; техниката на спротивностите ги оживотворува значењата со препознатливи пројави: херојот во филмот може да е слаткоречив, физички привлечен, облечен во светла облека, но и обратно – како што е Зоро.
Албански
Kuptim
Англиски
Meaning
За повеќе види:
J. Fiske, Introduction to communication studies, Routledge, 1990