Злоинформација
Информација што е вистинита, но којашто има точно определена цел да наштети некому, на личност, на организација или на држава. Тоа е лична или доверлива информација чиешто ширење треба да засрами или да понижи некого, да го разоткрие пред јавноста или да го изложи на насилство (на пример, јавно откривање нечија адреса, место на работа или телефонски број), а понекогаш да предизвика и страв или паника. Фишингот, измамата преку која се наведува личноста да открие свои доверливи податоци, како матичниот број или бројот на банкарската картичка, е форма на злоинформација.