Сива пропаганда
Пропагандата може да биде директна или да функционира со затскривање на пораките. Гарет С. Џовет и Викторија О’Донел (Garth S. Jowett,Victoria O’Donnell Propaganda and Persuasion, Sage, 1999) наведуваат три форми на пропаганда: бела, црна и сива. Кај сивата пропаганда, иако она што слушателите го слушаат е релативно блиску до вистината, тоа им е презентирано на начин за да ја убедат публиката дека испраќачот е добар човек. Сивата пропаганда е некаде меѓу црната и белата пропаганда. Изворот не може точно да се наведе и точноста на информацијата не може да се потврди. в. пропаганда; сп. бела пропаганда; сп. црна пропаганда.