Пропаганда

Намерна манипулација преку употреба на симболи (зборови, гестови, слики, знамиња, споменици, музика итн.) на мисли, однесување, ставови и верувања. Терминот води потекло од римокатоличката црковна организација за пропаганда на верата, комитет на кардинали надлежни за мисионерските активности на Црквата од 1622 година. Пропагандата нагласува одредени факти, исклучувајќи други, честопати насочена кон анксиозност, стравови, предрасуди и незнаење на вистинските факти. Пропагандата може да биде директна или со затскривање на пораката. Еден од познатите модели на пропаганда е на Едвард Херман и Ноам Чомски, според кој информативните субјекти повеќе се фокусирани на поддржување на ставовите на оние кои се на власт и за тоа создаваат пропагандни форми, наместо да се занимаваат со непристрасно коментирање на настаните. Во 1792 година во Франција било формирано првото министерство надлежно за пропаганда. Систематското проучување на пропагандата и нејзините ефекти е започнато од страна на американската војска во 1942 година.

Албански

Propagandë

Англиски

propaganda