Сцена
1. а) Издигнат простор во сала пригодно опремен за изведување претстава; бина. б) Декорација за одредена театарска претстава.
2. (Theater) (само едн.) Театарска дејност. Цел живот го помина на сцената на македонскиот театар.
3. (Entrance) Дел од чин, слика, филм и сл. Улога во втората сцена.
4. (Episode) Случка, настан, што претставува само еден дел од литературно дело. Му се допадна љубовната сцена во романот.
5. (Scandal) (прен., разг.) Недолична постапка, скандал. Се опијани и направи сцена на свадбата.
6. (прен.) Во состави со глаголите настапи, се појави и др. ‒ поле на дејност. Со неговата национална мисла стапи на сцената во почетокот на минатиот век.