Саморегулација (кај медиумите)

Практика на некои гранки во индустријата да формираат сопствени тела за регулација. Во Република Северна Македонија, како и во многу други земји, постојат тела за саморегулација на медиумите во интерес на почитување и унапредување на професионалните новинарски стандарди. Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) е тело во кое членуваат новинари, претставници на граѓанските медиумски организации и претставници на сопствеништвото на медиумите. Во рамки на телото постојат органи за раководење со телото, подзаконски акти кои ја уредуваат неговата работа, како и Комисија за жалби до којашто може да се обрати секој граѓанин и да поднесе жалба за некој медиумски напис. СЕММ нема извршна санкционирачка улога, но со своите одлуки укажува на прекршување на кодексите за работа на новинарите, како и за законски прекршувања, што потоа може да бидат основа за поведување постапка од страна на надлежните институции.

Албански

Vetërregullimi (te mediat)

Англиски

media selfregulation