Бела пропаганда
Пропагандата може да биде директна или да работи со затскривање на пораките. Гарет С. Џовет и Викторија О’Донел (Garth S. Jowett,Victoria O’Donnell Propaganda and Persuasion, Sage, 1999) наведуваат три форми на пропаганда: бела, црна и сива. Белата пропаганда доаѓа од извор што е точно идентификуван, а информацијата во пораката вообичаено е точна. в. пропаганда; сп. сива пропаганда; сп. црна пропаганда.