Озборување

Непотврдени информации од непознати или пак бројни извори без професионален легитимитет, со несигурна веродостојност; што бргу се шират со тенденција да преминат во сензационалистичка или скандалозна содржина во медиумите. Се карактеризираат со ниска новинарска, естетска и етичка вредност; најчесто се однесуваат на лесни (сп. меки) теми од секојдневието или активностите на познати личности или на организации. Лесно можат да го нарушат угледот на реномирани медиумски куќи и на новинари. Со цел зголемување на популарноста и видливоста во медиумите, сè почесто се дел од забавните рубрики на голем број медиуми и се основна содржина на т.н. жолто или таблоидно новинарство (сп. жолто новинарство).

Албански

Thashetheme

Англиски

rumors