Објаснувач

Серија графички дизајнирани слајдови, составени од текст, фотографии, видеа и извори од коишто бил преземен материјалот, најчесто присутни на Инстаграм. Објаснувачите тематски се фокусираат на тековен општествен феномен, без разлика дали е домашен или меѓународен. Нивната декларирана цел е да им ги објаснат настаните на помалку упатените, но честопати се случува материјалот да не биде претставен енциклопедиски и објективно, туку да содржи само едно мислење. В. Инстаграм.

Албански

Sqarues

Англиски

explainer