Медиумски мрак
Цензура на вести на определена тема во средствата за масовно информирање којашто може да биде своеволна, но исто така може да биде наметната и од страна на власта или од страна на центрите на моќ. Медиумскиот мрак како алатка во мирнодопски услови се користи со цел да се спречи слободата на говорот, при што се нарушуваат основните човекови права, додека во услови на војна се употребува со цел спречување на разузнавање од страна на непријателот.