Извори на информации

Некој или нешто што дава информации во вистинско време, коишто новинарите ги користат за составување на вестите. Лице, документ, публикација или друг запис подготвен од некоја државна институција или организација. Можат да бидат физички и хумани. Физички извори се: соопштенија, документи, билтени, извештаи, делови од весници, писма, досиеја, книги, видеа и сл. Хумани извори се: официјални лица, политичари, портпароли, судии, полицајци, синдикални службеници, претставници на компании и организации, сведоци на злосторства, несреќи или луѓе учесници во други настани.

Изворите можат да бидат примарни и секундарни. Примарни се оние што ја имаат информацијата од прва рака. Тие можат да бидат учесници во настани, жртви или сведоци. Секундарни извори се архивски материјали, експерти и слично. Новинарот ги користи изворите за информирање за да докаже дека информацијата е веродостојна. Тоа го зголемува кредибилитетот на медиумот. Aко публиката во еден новинарски текст не го види реалниот извор, нема да гo прифати. Едно од неколкуте златни правила во новинарството е дека сите информации треба да се потврдени од два меѓусебно независни извора. Денес новинарите ги користат социјалните мрежи и блоговите за да пронајдат потенцијални приказни и да стапат во контакт со изворите на вести. При користењето на изворите на информации од социјалните мрежи важна е нивната веродостојност.

Албански

Burime të informacioneve

Англиски

Sources of information