Идиолект
Јазичниот израз на поединецот: изговорот, изборот на зборовите, составувањето реченици и поголеми комуникациски единици, користењето вообичаени и креирањето сопствени модели на општење, односот кон јазичниот стандард. Како индивидуална пројава ретко подлежи на лингвистички истражувања, но можностите за промена и за надградување се поголеми и полесно остварливи отколку кај колективните јазични разновидности, дијалектите и стиловите. Вештачки се создава во јазикот на ликовите од литературата или од филмовите. Квалитетот на некои јавни професии во голема мера зависи од идиолектот на лицата вклучени во неа.