Идиом
1. Затврден зборовен состав со специфично пренесено значење, фразеолошки израз: Најди време!, Зграпчи го денот!, Му продава басма. Потребно е солидно познавање на јазикот за да се разбере и да се користи, буквалниот превод може да му го смени значењето или да го обесмисли.
2. Говор, дијалект, наречје.