Истражувачко новинарство
Посебен жанр во новинарството насочен кон откривање работи кои се прикриени, намерно од некој на позиција на моќ или случајно, зад хаотична маса на факти и околности ‒ и анализа и изложување на сите релевантни факти во јавноста. Истражувачкото новинарство бара повеќе време за истражување, поседување одредени вештини и знаења за проверка на податоци и архивирање на добиените податоци.
Албански
Gazetaria hulumtuese
Англиски
Investigative journalism
За повеќе види:
1. Коронел, Шила, С. 2013. Под површината. Балканска истражувачка репортерска мрежа.
2. Hunter, M.L., Story-based inquiry: a manual for investigative journalists, 2011, UNESCO, ISBN: 978-92-3-104189-1.