Интонација
1.Повишување и снижување на гласот при зборување и при изразување чувства или расположби: весела интонација, тажна ~, агресивна ~. Писмено се пренесува со помош на интерпункциски знаци: точка, прашалник, извичник, две точки и др.
2. Ритмичко-мелодиска разновидност на реченицата, поврзана со модалноста: расказна, прашална и извична.
3. Давање точен почетен тон при свирење или при пеење. Оттука се развил фразеологизмот: Ја интонира дискусијата.