Интервју со фокус-групи
Посебен метод со којшто се испитува мислењето на публиката и се користи најчесто за квалитативните истражувања. Индивидуалци (најчесто од 8 до 12 лица), избрани според некакви заеднички карактеристики, добиваат отворени прашања за одредена тема (на пример определена емисија, филм, текст или производ). Нивните одговори се снимаат, а потоа се анализираат.